Радовиш и Струмица ќе се поврзат со модерна магистрала која ќе овозможи побрз проток и побезбеден сообраќај. Се очекува овој патен правец да биде пуштен во употреба во јануари наредната година. Како се одвиваат работите на терен лично се информираа вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески заедно со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Патниот правец е во должина од 10 километри на кој е предвидено брзина на движење од 100 километри, наместо досегашните 40 километри што ги овозможува постоечкиот патен правец. На терен се работи во полна пареа. Агенцијата за државни патишта и изведувачот Гранит" и во наредните неколку недели ќе продолжат со интензивно темпо на изградба и на почетокот на следната година ќе се заврши овој патен правец.
Радовиш и Струмица ќе се поврзат со модерна магистрала која ќе овозможи побрз проток и побезбеден сообраќај. Се очекува овој патен правец да биде пуштен во употреба во јануари наредната година.
Како се одвиваат работите на терен лично се информираа вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески заедно со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.
Патниот правец е во должина од 10 километри на кој е предвидено брзина на движење од 100 километри, наместо досегашните 40 километри што ги овозможува постоечкиот патен правец.
- На терен се работи во полна пареа. Агенцијата за државни патишта и изведувачот Гранит" и во наредните неколку недели ќе продолжат со интензивно темпо на изградба и на почетокот на следната година ќе се заврши овој патен правец. Калдрмата ќе биде минато, а овој модерен пат ќе биде иднината која ќе помогне за граѓаните од овој регион да се возат безбедно и да имаат полесен пристап до Штип, па и до Скопје - изјави Ставрески.
Тој најави дека во наредните четири години во патната и во железничката инфраструктура ќе се реализираат крупни проекти. Притоа посочи дека по насока од Владата, Агенцијата за државни патишта ќе изготви проект за проширување и на патниот правец Велес - Кадрифаково на кој се случуваат сообраќајни несреќи бидејќи е тесен. Агенцијата треба да изработи проект во кој ќе предвиди патен правец широк 11 метри со две главни и две помошни ленти со што ќе се зголеми безбедноста и на овој патен правец и ќе се олесни патувањето на тој дел од земјава.
Говорејќи за инфраструктурните проекти во наредните четири години, Ставрески истакна дека е отворен градежен фронт, дека се работи на автопатот Демир Капија - Смоквица како еден од најголемите проекти што ќе се реализираат во наредните неколку години и дека Владата настојува да обезбеди финансиска конструкција и средства за реализација на автопатите кои беа најавени од Кичево до Охрид и од Миладиновци до Штип. Тој изрази надеж дека ќе се обезбеди и концесионер за делниците од Гостивар до Кичево и од Скопје до Блаце, бидејќи станува збор за патни правци каде што има поголем проток на возила и од тој аспект се поатрактивни за концесија.